back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Советникот на Мицкоски, Гоце Наумовски, беше избран за уставен судија

Други наслови

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и ниту еден „воздржан“, пратениците на денешната седница го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, Наумовски даде свечена изјава во Собранието, во која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и дека ќе ги почитува Уставот и законите.

Изборот на Наумовски доаѓа откако професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата уставен судија во декември минатата година од здравствени и лични причини.

Инаку, Гоце Наумовски е редовен професор на Катедрата за римско право на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и е еден од надворешните соработници на премиерот Христијан Мицкоски во областа на правото.

Тој е брат на поранешниот вицепремиер за европски интеграции во една од претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ, Васко Наумовски.

Наумовски беше предложен за уставен судија од претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Ѓорѓи Сајкоски од Вмро-Дпмне, кој нагласи дека има импресивна биографија и кредибилитет како уставен судија и дека ќе го штити Уставот и интересите на граѓаните. Комисијата, без дискусија и со мнозинство гласови, го утврди професорот како предлог за уставен судија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести