Изненадувачки за навивачите во Мајами, Лео Меси се врати на теренот само неколку дена по смртта на неговиот татко.
Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе , кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси повторно беше на теренот во дресот на Интер.
Тимот од Мајами беше поразен дома од мексиканскиот Леон во Лига купот со 3:2, и покрај водството од 2:1.
Меси влезе во игра на почетокот од второто полувреме, на општо задоволство на навивачите, бидејќи малкумина на трибините мислеа дека Аргентинецот ќе може да ја игра играта во денови на голема тага и жалост за својот татко.
Раната е сè уште свежа.
Кога Меси се спремаше да влезе во игра, на трибините владееше еуфорија. Екстаза.
Имаше и солзи радосници, но повеќе од сè, огромно задоволство што ќе свират.
INCROYABLE : Lionel Messi fait son entrée avec l'Inter Miami, même pas une semaine après le décès de son père. 🥹💗 pic.twitter.com/ppC8YG5s6s
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) August 13, 2026
На крајот, Меси не успеа да му помогне на тимот да избегне пораз, но важно е за него и за навивачите, а во крајна линија и за фудбалот, тој да се врати во играта.
Впрочем, тоа би го сакал и неговиот татко.
Штом влезе во игра, веднаш се најде во центарот на вниманието на противничките играчи, кои како да го чуваат, му се приближија и му упатија зборови на утеха и сочувство.

