back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Спискала 290.000 евра за да стане „жива Барбиka“: Интернетот зуи за неа – луѓето не веруваат во она што го гледаат

Други наслови

Во ерата на социјалните мрежи, сè повеќе луѓе сакаат да го постигнат идеалот за убавина преку трајни естетски промени. Меѓу нив е и Амира, инфлуенсерка која стекна голема популарност благодарение на својот впечатлив изглед, поради што многумина ја нарекуваат „жива Барби“.

Како што тврди, низ годините инвестирала околу 290.000 евра во својот изглед, а зад таа бројка се кријат голем број естетски и козметички процедури. Нејзината цел била да постигне изглед инспириран од познатата кукла Барби – со нагласени црти на лицето, полни усни, истакнати јаболчници и беспрекорна фигура.

Трансформација што ќе ве остави без зборови

Алиша Амира редовно споделува фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а нејзината трансформација предизвикува бројни реакции.

Швеѓанката отворено зборува за бројните естетски процедури на кои се подложила за да го постигне изгледот за кој сонувала. Со текот на годините, таа ги зголемила градите, го корегирала носот, користела филери за челото, околу очите, образите и вилицата, ги зголемила усните и редовно се подложува на третмани со ботокс.

На социјалната мрежа X, таа изјави дека свесно го напуштила својот поранешен изглед за да стане, како што вели, „пластична бимбо верзија од себе“.

„Го избришав тоа што бев порано за да станам пластична бимбо верзија од себе. Постојано се соочувам со стигма и потребна е многу храброст да се остане верна на своите верувања, соништа и начин на живот кога тоа се смета за контроверзно. Интересно ми е што моите избори се перцепираат на тој начин, иако всушност се доста едноставни – речиси традиционални“, напиша таа.

Таа потекнувала од патријархално семејство

Алиша открива дека сонувала за овој изглед уште од деветгодишна возраст, инспирирана од ликовите од данската ТВ-серија „Девојките на кралот“. Сепак, бидејќи пораснала во патријархално семејство, таа долго време одржувала конвенционален изглед – сè додека не отишла на универзитет во Копенхаген на 18-годишна возраст.

Без оглед на различните мислења на јавноста, Амира вели дека е задоволна од својот изглед и не се кае за парите што ги вложила. Тој верува дека секој има право да одлучува за своето тело и да се чувствува убаво на начинот што му одговара.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести