back to top
12.8 C
Skopje
сабота, 10 октомври , 2026

Спречен шверц на оружје од Турција во Македонија

Други наслови

Со брза размена на информации преку Центарот SELEC, беше спречен нелегалниот транспорт на оружје од Турција преку Бугарија до Македонија.

Во текот на ноќта, по преземени мерки и активности во координација со Генералниот директорат за борба против организиран криминал на Бугарија и Бугарската царинска агенција, на граничниот премин Капитан Андреево беше извршена проверка на камион „Волво“ со македонски национални регистарски ознаки, при што во товарниот простор беа пронајдени и запленети три пушки, 20 пиштоли и 5.750 патрони.

„По целосното документирање на случајот и идентификацијата на сите лица вклучени во случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти МВР. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести