back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Србија: Спортски авион се урна во близина на Суботица, член на екипажот загина

Други наслови

Спортски авион се урна вечерва во близина на аеродромот Биково во близина на српскиот град Суботица, а според информациите, еден член на екипажот загинал на местото на несреќата.

Друг член се здобил со повреди и бил итно префрлен во болница.

Причината за падот на авионот засега е непозната, а на местото на несреќата се наоѓаат полициски, противпожарни и спасувачки екипи и екипи на брза помош.

Истрагата е во тек, а надлежните служби го обезбедуваат теренот и ги собираат првите информации за околностите на несреќата.

Фотографиите покажуваат дека авионот не бил целосно уништен, но ударот со земјата бил фатален за едно лице во авионот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести