back to top
25.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Српската државјанка Ениса Лековиќ е меѓу исчезнатите во ужасните поплави во Непал

Други наслови

Властите во Непал објавија список на туристи кои се водат како исчезнати по ужасните поплави што ја погодија земјата оваа недела. Меѓу исчезнатите е и српската државјанка Ениса Лековиќ.

На списокот има 537 лица , а меѓу исчезнатите туристи нема државјани на Македонија.

Повеќето од исчезнатите туристи се од Индија, Соединетите Американски Држави, Австралија, Велика Британија и Украина.

Според непалските власти, бројот на загинати во поплавите се зголеми на 626, додека 2.426 лица сè уште се водат како исчезнати.

Како што беше претходно објавено, катастрофалните ненадејни поплави во близина на границата на Непал со кинескиот Тибет најверојатно биле предизвикани од уривање на глечер.

Сателитските снимки од „Планет Лабс“ покажуваат дека долниот дел од глечерот се откршил на висина од околу 5.200 метри и паднал на дното на долината.

Според експертската анализа, голем дел од глечерското дно се срушил во форма на лавина од ледени карпи, влечејќи огромни количини карпи и седимент директно во реката Лхенде, предизвикувајќи ненадејна поплава.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести