На влезот на скопскиот аеродром, кај надвозникот на автопатот, утринава се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно возило се превртело.
Според првичните информации од очевидци за Фактор, во несреќата има повеќе повредени лица. Засега нема официјални податоци за нивната состојба.
Полицијата е излезена на терен и врши увид, а сообраќајот во овој дел од патот се одвива отежнато.
