back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Таа има 54 години и сите и се восхитуваат на нејзината фигура: „Ах, какви нозе“

Други наслови

Хајди Клум повторно позираше во провокативна облека, но овој пат за да промовира нова линија долна облека од познат италијански бренд.

Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд Calzedonia, појавувајќи се во нова кампања и повторно привлекувајќи го вниманието на јавноста со својот смел изглед. 

Речиси секој ден, таа му кажува на светот дека го обожава своето тело на 54-годишна возраст , па затоа тесната облека, па дури и фотографиите во топлес, не се проблем за неа . Напротив, нејзините профили на социјалните мрежи се полни со вакви објави!

За оваа пригода, таа позираше во две изданија, обете со акцент на чипка. На едната слика, таа носи боди во бордо боја и хулахопки, а на другата, позира во црн комбинезон од чипка,а под него се гледа црна долна облека . 

Ова не е прв пат Хајди Клум да соработува со познат бренд, а во некои кампањи се појави и со нејзината ќерка Лени. Неодамна позираа заедно за Intimissimi и повторно ја поделија јавноста. 

Таа моментално се подготвува за Ноќта на вештерките, кога традиционално носи автентични, долго подготвени костими. Неодамна повторно зачекори на модната писта, на Неделата на модата во Париз, и покажа зошто некогаш беше меѓу најбараните топ модели во светот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести