back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Тортиља со пилешко и зеленчук: Подготовката трае не повеќе од 15 минути, а се топи во уста

Други наслови

Тортиљите се многу популарни во Македонија во последниве години, а можат да се јадат во секое време од денот бидејќи не паѓаат силно, а во исто време се многу заситувачки. Готовите тортиљи може да се најдат во секој маркет, а на вас е да го изберете филот.  Тортиљите со пилешко се една од попопуларните варијации на јадењето. Еве како да ги подготвите за само неколку минути.

Четири тортиљи во сад на решетка за скара на дрвена маса

Состојки:

  • 8 тортиљи
  • 250 г пилешко филе исечено на стапчиња
  • 1 мала краставица исечена на тенки стапчиња
  • 1 црвена пиперка исечена на тенки стапчиња
  • 1 црвен кромид исечен на ребра
  • 200 г сирење
  • Сол
  • пиперка
  • 1 лажица масло

За сервирање: сезонски салати, крем сирење, мајонез, кечап, сенф…

Девојче јаде тортиља во ресторан, пред неа има чинија со друга тортиља, помфрит и сос.

Подготовка:

Посолете го пилешкото и пржете го во тава на врело масло додека убаво не порумени. Изрендајте го сирењето. Наредете го пилешкото, кромидот, пиперката, краставицата и сирењето во тортиљи и малку сос по желба и по вкус. Замотајте ја тортиљата и изедете ја со сласт…

УЖИВАЈТЕ!

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести