Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека до крајот на оваа година системот „Безбеден град“ ќе биде целосно имплементиран низ целата земја.
Според него, секој граѓанин заслужува да живее во побезбедна средина, додека првичните резултати веќе покажуваат напредок во безбедноста во сообраќајот.
Министерот објасни дека проектот се спроведува во фази и дека секој град е вклучен штом ќе бидат исполнети техничките услови.
„Секогаш кога ќе се создадат технички услови на локално ниво, системот ќе биде веднаш пуштен во употреба. Не се очекува истовремена имплементација во сите градови“, нагласи Тошковски.
