back to top
17.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Тошковски: Полицијата веднаш го фати пироманот, Обвинителството ќе го води случајот по итна постапка

Други наслови

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го осуди палењето на возилата во сопственост на бугарската амбасада и рече дека според информациите со кои располага, Обвинителството ќе работи на овој случај по итна постапка.

Според него, овој вид насилство нема да се толерира, особено кога станува збор за случаи во кои се вклучени официјални претставници на странски земји во земјата.

„Осудата на какво било насилство врз било кого во Македонија е логична изјава од министерот за внатрешни работи. Вчера имавме осуда и од премиерот и од министерот за надворешни работи. Секако, нема да дозволиме насилство и тоа нема да се толерира, а брзата реакција на Министерството за внатрешни работи за расветлување на случајот го потврдува токму тоа.“

„Осомничениот сторител на палењето на возилата во сопственост на бугарската амбасада беше идентификуван и обезбеден многу брзо од страна на Министерството за внатрешни работи“, рече Тошковски. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести