Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека верува оти американската блокада на иранските пристаништа функционира и дека одговорот на Иран е „прилично неверојатен“.
На прашањето од новинар во емисијата „Утра со Марија“ на „Фокс бизнис“, во интервју што се емитуваше денес, дали е задоволен од одговорот на блокадата, Трамп рече:
„Па, всушност беше прилично неверојатно. Мислев дека ќе се случи. Тие дури и реагираа на ова, мислам… знаете. Ги победивме, и ова ми се чини како уште посилна реакција од онаа што ја имавме претходно“, рече тој.
Тој додаде дека единственото нешто што е важно е крајниот резултат.
На прашањето дали има некаков негод од Кина или Саудиска Арабија поради блокадата, американскиот претседател одговори: „Не, воопшто не сум имал никаков“.
