back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Трамп го поздрави повлекувањето на Емирати од ОПЕК: „Бин Зајед е многу паметен, тоа е добра работа“

Други наслови

Претседателот Доналд Трамп изјави во средата дека силно ја поддржува одлуката на Обединетите Арапски Емирати да го напуштат ОПЕК, велејќи дека верува оти овој потег ќе ги намали цените на енергијата.

Зборувајќи со новинарите во Белата куќа, Трамп рече дека тоа е добар потег.

„Мислам дека е одлично. Претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, е многу паметен и веројатно сака да си оди по свој пат. Тоа е добра работа“, рече Трамп.

Тој исто така истакна дека целиот свет ќе има корист од тоа.

„Мислам дека на крајот на краиштата тоа е добра работа за намалување на цената на гасот, намалување на цената на нафтата, намалување на сè. Тие имаат некои проблеми во ОПЕК“, рече тој.

Во вторник, ОАЕ изненадувачки објавија дека на 1 мај ќе ја прекинат долгогодишната соработка со таа група.

Одлуката брзо беше протолкувана како удар врз ОПЕК и неговите 11 преостанати членки, кои го координираа одредувањето на цените на нафтата и производствените квоти повеќе од шест децении.

Во февруари, ОАЕ беше трет најголем производител на нафта во ОПЕК, зад Саудиска Арабија и Ирак.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести