Здравствените власти објавија дека шестмесечно дете и неговите родители се убиени во нападот врз бегалскиот камп Нусеират , според медицински работници, пренесува Ројтерс.
Нападите во Појасот Газа не престанаа и покрај прекинот на огнот, кој Израел и милитантното палестинско движење Хамас го постигнаа со посредство на Соединетите Американски Држави (САД) во октомври минатата година.
Локалните власти тврдат дека околу 880 Палестинци се убиени од прекинот на огнот во Газа, додека израелската армија наведува дека четворица нејзини војници се убиени во истиот период.
