Турист од Грузија се удави вчера во водите на Охридското Езеро кај Пештани, соопшти денес СВР Охрид.
Според информациите, вчера во 14:32 часот, СВР од Охрид добила пријава дека од езерото кај Пештани е извлечено машко лице. Екипата на Итна медицинска помош се обидела да го реанимира, но брзо констатирала дека лицето е мртво.
Според информациите, нема видливи повреди.
Првичната истрага покажа дека лицето е 46-годишниот Б.Д. од Грузија. Извршен е увид и, по наредба на јавен обвинител, телото е испратено на обдукција.
Во меѓувреме, утрово во 5:45 часот, охридската државна полиција добила уште една пријава за исчезнување на 15-годишно девојче од Охрид.
Нејзиниот 57-годишен татко, Н.Ј., пријавил дека неговата малолетна ќерка К.Ј. вчера околу 16:00 часот излегла од куќата. Од охридската државна полиција информираат дека денеска девојчето е пронајдено.
