Француската фудбалска репрезентација вечерва го објави својот список на играчи на кои Дидие Дешан смета за претстојното Светско првенство, а Ајуб Буади дефинитивно го нема на него.
Зборуваме за суперталентираниот играч од средниот ред на Лил, кој има само 18 години, игра за Лил и беше капитен на младата француска репрезентација.
Причината зошто го нема на списокот е тоа што одлучил во иднина да го носи дресот на мароканската репрезентација, која на тој начин ќе добие огромен поттик пред Светското првенство.
Оваа информација ја потврди добро информираниот новинар Санти Ауна, кој исто така вели дека Буади веќе е цел на многу големи европски клубови.
Во последната сезона, Буади одигра 41 натпревар за Лил и запиша една асистенција.
