back to top
25.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Ужас на новогодишната прослава; Пожар избувна во популарен хотел; Има мртви и повредени; Пристигнаа првите снимки

Други наслови

Неколку лица се убиени, а многу се повредени по експлозија во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во 01:30 часот по локално време во барот „Констелејшн“ , изјави полицијата за Би-Би-Си.

Засега нема официјални податоци за тоа колку луѓе загинале, ниту колку се повредени, а Би-Би-Си наведува дека биле информирани од локалната полиција дека „неколку луѓе“ се убиени.

Видеата што го прикажуваат пожарот во барот каде што се одржуваше новогодишната прослава 
веќе се појавија на социјалните мрежи .

Полицијата соопшти дека е воспоставена телефонска линија за помош на семејствата на засегнатите.

Кранс-Монтана е луксузен скијачки град сместен во срцето на швајцарските Алпи, на приближно два часа од швајцарската престолнина, Берн.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести