back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

 „УМРАВ, АМА ЗА КАФЕ“: Нетанјаху се огласи по ГЛАСИНИ ЗА СМРТ, објави видео од кафетерија

Други наслови

Во видеото, кое е снимено во кафуле, Нетанјаху нарачува кафе и вели: „Умрев… за кафе“ , користејќи вообичаена хебрејска фраза што нагласува дека некој многу сака нешто, објаснува „Тајмс оф Израел“.

– Го сакам мојот народ до смрт – додаде израелскиот премиер, нагласувајќи дека е горд на начинот на кој граѓаните се однесуваат во сегашната ситуација.

Нетанјаху ги крена двете раце во видеото за да покаже дека ги има сите десет прсти , откако се појавија гласини дека неговата прес-конференција во четвртокот всушност била видео генерирано од вештачка интелигенција.

Некои профили на социјалните мрежи тврдеа дека видеото покажува како Нетанјаху има шест прсти на едната рака .

Во своето обраќање, израелскиот премиер ги повика граѓаните да излезат од своите домови и да дишат свеж воздух, но да останат во близина на засолништата. Тој исто така вети дека владата, колку што е можно повеќе, ќе ги ублажи ограничувањата за секојдневните активности на граѓаните.

Нападот на Израел врз Иран

САД и Израел го нападнаа Иран наутро на 28 февруари во, како што нарекоа, „превентивни напади“ што дојдоа по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести