back to top
12.8 C
Skopje
вторник, 13 октомври , 2026

,,Успеавме!” – Истражувач со солзи по 13 години потрага по редок цвет: Погледнете го ова чудо (видео)

Други наслови

Во срцето на индонезискиот остров Суматра, 
биологот Крис Торогуд од Универзитетот во Оксфорд доживеал момент што ќе го памети до крајот на животот.

Со денови и ноќи ја пребарувал џунглата, полна со тигри, во потрага по исклучително ретко растение, и на крајот успеал и сè снимил на камера.

„Во ред е, успеавме“

Станува збор за растение кое ги произведува најголемите цветови во светот (до еден метар во дијаметар), додека развојот на пупката трае и до девет месеци.

Откривањето на неверојатниот цвет, наречен Rafflesia hasseltii, го расплака локалниот водич Септијајн Андрики, објавува „Дејли меил“.

„Во ред е, успеавме! Го најдовме“, го утеши д-р Торогуд својот соработник.

И’ се заканува истребување

Rafflesia hasseltii произведува непријатен мирис што привлекува муви и бубачки – а тие носат и полен, што му овозможува на растението да се размножува во густи тропски шуми.

Постојат неколку варијанти, а Rafflesia hasseltii се издвојува по својата необичност. Позната под локалното име Cendawan Muca Rimau, што значи „тигрова глава“, расте само во оддалечен дел од џунглата на Западна Суматра, каде што влезот е можен со посебна дозвола.

Д-р Торогуд предводел истражувачка експедиција со цел да пронајде и проучи необично растение на кое му се заканува исчезнување. Според проценките, 60% од сите видови рафлезија се соочуваат со сериозен ризик од исчезнување, додека 67% од познатите живеалишта не се во заштитени подрачја.

„Како од друга планета…“

Откривањето на цветаната Rafflesia hasseltii е извонреден успех, а за водичот Андрики, кој го бара цветот во последните 13 години, моментот беше особено емотивен.

„Седењето тивко покрај ваков цвет беше речиси надреално, како да доаѓа од друга планета. 
Пупката се развива до девет месеци, а цвета само неколку дена. Овој се отвори пред нашите очи, како да нè чекаше“, рече д-р Торогуд.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести