Нов напад се случи денес во средно училиште во Турција, овојпат во градот Кахраманмараш.
АП пишува дека полициски претставници изјавиле дека најмалку четири лица се убиени.
Снимките објавени од Ројтерс покажуваат голем број полицајци, медицински работници, пожарникари и цивили пред училиштето каде што се случила пукотницата.
Ова е втор напад врз училиште во Турција за два дена, по вчерашната пукотница во средно училиште во населбата Сиверек.
Видеото го прикажува моментот кога вооружен тинејџер влегува во училишниот ходник со пушка во рацете, додека учениците и наставниците се обидуваат да се сокријат. Според последните информации, во нападот се повредени 16 лица.
