back to top
10.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за купување компјутерска опрема

Други наслови

Министерството за дигитална трансформација објавува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на технолошка опрема. Досега се дистрибуирани вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

„Според тековниот владин проект, кој се спроведува во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, обезбедени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студенти на додипломски студии запишани во академската 2025/26 година“, се наведува во соопштението на Министерството.

Тие потсетуваат дека рокот за аплицирање на студентите е до 20.12.2025 година, додека ваучерите можат да се користат до 31.12.2025 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести