back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Ферибот со 134 лица се запали на Филипините: Најмалку петмина загинаа, 86 се водат како исчезнати

Други наслови

Најмалку пет лица загинаа, а 86 се водат како исчезнати откако патничкиот ферибот „Џун Астер“ се запали во водите крај филипинската покраина Палаван.

Според официјалните информации од Филипинската крајбрежна стража, во моментот на несреќата на бродот имало вкупно 134 лица, вклучувајќи 117 патници и 17 членови на екипажот. Досега се спасени 43 лица (38 патници и четири членови на екипажот).

Фериботот тргнал од пристаништето во Манила и бил на пат кон популарната туристичка дестинација Корон.

Портпаролката на крајбрежната стража, капетан Ноеми Кајабјаб, потврди за локалните медиуми дека сите расположиви единици се вклучени во спасувачката операција, но дека собирањето информации од терен е тешко.

Фотографија: Ројтерс

„Податоците што ги имаме се во реално време и може да се променат како што напредува операцијата“, рече Кајабјаб, истакнувајќи дека спасувачите сè уште не биле во можност да спроведат детални интервјуа со спасените лица.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена и е предмет на официјална истрага, додека надлежните служби преземаат мерки за спречување на потенцијални истекувања на гориво и штети врз животната средина.

Островот Корон, кон кој пловел фериботот, е една од најпопуларните туристички атракции на Филипините, позната по стрмните карпи, кристално чистото море и јапонските бродоломи од Втората светска војна кои привлекуваат нуркачи од целиот свет.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести