back to top
5.8 C
Skopje
вторник, 6 октомври , 2026

Филипче: Државниот буџет не е ниту социјален, ниту развоен

Други наслови

Венко Филипче нагласи дека централниот буџет, каков што е конструиран, не е социјален, нема развојна компонента и нема капацитет континуирано да го сервисира продлабочениот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се наведува во соопштението на СДСМ.
Ова, како што рече Филипче во „Телма“, ја става во опасност исплатата на пензиите.

„Се поставува прашањето, буџет изграден на овој начин кој не е ниту социјален, ниту ги задоволува потребите на ранливите категории граѓани, ниту може да спречи криза, ниту е развоен, бидејќи има многу малку пари за капитални инвестиции, што ќе се случи ако има некаква криза и тие пари не можат да стигнат до пензионерите? Нема да има исплата на пензии. Ова ќе се случи и за ова предупредуваме“, рече Филипче.

Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите, интервенирала во Фондот ПИОМ – дупката во буџетот се зголемила, а пензионерите добиле помало зголемување отколку што требало да добијат според методологијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести