back to top
7.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Филипче: Мицкоски не треба да се заканува, нека ја потпише Резолуцијата

Други наслови

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со коалициските партнери, упати јасна порака до премиерот Христијан Мицкоски во врска со сериозните информации објавени во британските медиуми за евентуално прифаќање на мигранти во Македонија. Наместо да се заканува, Филипче го повика Мицкоски да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за прекин на процесот на прифаќање мигранти за пари во Македонија.

„Верувам дека премиерот не треба да се заканува. Бидејќи ова е многу сериозно прашање, кое потекнува од релевантните британски медиуми. Еве, многу добро, сакаат да го извртат, да го свртат, да се закануваат, прашањето сè уште стои и не е одговорено.“

„Ставот на премиерот не е доволен. А прашањето е едно, дали ќе ја потпишете резолуцијата или не? Нека ја потпише. Ова е единствениот начин да се заштитиме од нешто што би можело сериозно да ја загрози безбедноста на државата“, нагласи Филипче.

„Еве го нацрт-документот, резолуција со која, од она што сите се плашиме и од она што го објавија британските медиуми, нема да се случи. Вистинското прашање е, зошто нема одговор на нашето прашање, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот заедно да ја потпишат резолуцијата и на тој начин да гласаат за неа во Собранието? Погледнете, ако нема скриена агенда и ако нема договор, како што најавуваат британските медиуми дека ќе има, дека имигрантите ќе се носат тука за пари, тогаш тие ќе ја потпишат резолуцијата“, додаде Филипче.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести