back to top
24.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Хабиб е сè уште ѕвер: Лесно го нокаутира поранешниот шампион во полутешка категорија на УФЦ (видео)

Други наслови

Интересен боречки натпревар можеше да се види во Лас Вегас помеѓу поранешни шампиони на УФЦ.

Сепак, она што е особено импресивно е што поранешниот непоразен шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, се соочи со поранешниот шампион во полутешка категорија, Гловер Теишера.

Иако разликата во тежината помеѓу овие двајца е речиси 22 килограми, во корист на Тешеира, на Хабиб не му беше проблем да го фрли на теписите, се чини лесно, благодарение на неверојатното ниво на борење и граплирање.

Хабиб беше во градот за да му помогне на својот братучед Умар Нурмагомедов пред неговата борба на UFC 324 против Даивесон Фигуеиредо.

За потсетување, Хабиб се пензионираше од ММА во 2020 година кога ја одбрани титулата против Џастин Гетџи, додека Тешеира ја одигра својата последна борба во 2023 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести