back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

Хаос во Хрватска: Бед Блу Бојс развеаја транспарент против Владимир Путин, еве што пишуваше на него

Други наслови

Фудбалерите на Динамо Загреб го победија Вараждин со 3:1 во натпреварот од 14-то коло од хрватското првенство, но по натпреварот помалку се зборува за фудбал отколку за транспарент што беше виден на трибините меѓу најстрасните навивачи на домашниот клуб Бед Блу Бојс.

Имено, во еден момент од второто полувреме, „Бед Блу Бојс“ истакнаа транспарент со политичка порака посветена на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на кој пишуваше „FCK PTN“.

Веднаш на сите им стана јасно дека станува збор за кратенка од пцовка наменета за претседателот на Русија, а познато е дека навивачите на Динамо Загреб имаат добри односи со навивачите на Динамо Киев од Украина.

Многу брзо потоа, на трибините се слушнаа силни скандирања „Слава на Украина“, што дополнително ги зголеми тензиите пред крајот на натпреварот на Максимир, објавува порталот „Слободна Далмација“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести