back to top
13.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Хаос на аеродромот во Њујорк! Авион се судри со аеродромско возило, кружат застрашувачки снимки

Други наслови

Авион на „Ер Канада“ (AC.TO) се судрил со аеродромско возило при слетување на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк , објави денес веб-страницата за следење летови „ФлајтРадар24“.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) издаде забрана за сите авиони на овој аеродром до 06:30 часот по средноевропско време, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на ФАА се наведува дека забраната за движење на авиони е резултат на вонредна ситуација, а во посебно известување до пилотите, ФАА соопшти дека аеродромот може да биде затворен до 19:00 часот по средноевропско време.

Непотврдените снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат оштетување на носот на авионот, но Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди автентичноста на снимката.

„Ер Канада“, ФАА и противпожарната служба на Њујорк не одговорија веднаш на барањето за коментар.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести