back to top
3.8 C
Skopje
понеделник, 5 октомври , 2026

Шакира носеше костим направен од 200.000 кристали Сваровски на финалето на Светското првенство: Инспирирана од зајдисонцето

Други наслови

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали.

За оваа пригода, таа носеше костим изработен од креативниот директор на брендот, Фаусто Пуглиси. Костимот е направен од 200.000 кристали „Сваровски“, како и принт инспириран од зајдисонце и детали чие создавање траеше повеќе од две недели.

Костимот е дизајниран да блеска под светлата на стадионот (Фото: Ројтерс)

Костимот е дизајниран да блеска под светлата на стадионот и да ѝ го олесни движењето на Шакира за време на нејзината препознатлива кореографија додека ги тресе колковите.

Заедно со костимот, изработена е и здолниште во истите бои со реси. Целосната креација е инспирирана од мотивот „Златен зрак“ од Роберто Кавали.

На Шакира ѝ се придружија уште 34 танчерки, кои носеа соодветни костими. Покрај препознатливата распуштена коса, која го надополнуваше модното издание, Шакира избра и едноставна шминка.

Таа уште еднаш ја воодушеви публиката со својот енергичен настап и кореографија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести