back to top
8.8 C
Skopje
среда, 4 ноември , 2026

Шокантен пораз на републиканците: Ени Ендрус го презеде сенаторското место од Дарлина Греам

Други наслови

Демократката Ени Ендрус ќе ја добие трката за американскиот Сенат во Јужна Каролина и ќе ја замени републиканецката Дарлина Греам, прогнозира Си-Ен-Ен.

Ендрјус ќе биде првата жена избрана во Сенатот од таа држава и првиот демократ што победил таму од 1998 година.

Последниот демократ што победи на трката за Сенат во Јужна Каролина беше Фриц Холингс.

Јужна Каролина се смета за цврсто републиканска држава. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја освои пред две години со разлика од речиси 18 процентни поени.

Дарлин Греам беше назначена во јули за сенатор на местото на нејзиниот брат Линдзи Греам, кој почина на 11 јули, а на овие избори таа се натпреваруваше за цел мандат.

Ени Ендрјус има 45 години, педијатар и мајка на три деца. Работела на Медицинскиот универзитет во Јужна Каролина 15 години. Својата кандидатура ја објави минатата година, признавајќи во тоа време дека се соочува со тежок предизвик како демократка во Јужна Каролина.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести