Основачот на рускиот канал за пораки Телеграм, Павел Дуров, денес изјави дека му недостига „иранскиот огномет“ за кој рече дека помогнал во „чистењето на Дубаи од премногу чувствителни луѓе“.
„ Дубаи повторно е полн со многу луѓе. Веќе ми недостигаат иранските огномети што помогнаа градот да се исчисти од премногу чувствителните луѓе. Воздушната одбрана на ОАЕ се покажа одлично за време на нападот. Со данок од нула проценти, добиваме подобра заштита од Европејците кои плаќаат 50 проценти“, напиша Дуров на својот Телеграм канал, пренесува РИА Новости.
На почетокот на март, среде ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток , Дуров објави дека ги напуштил ОАЕ и отишол во Европа, но истакна дека би сакал да се врати поради, како што тврди, високото ниво на криминал во европските земји.
За време на ескалацијата на конфликтот, аеродромот во Дубаи и неколку хотели беа оштетени, а во градот беа пријавени и експлозии.
Туристите мораа да се евакуираат поради нападите, а поради откажувањата на летовите, многумина имаа тешкотии да се вратат дома.
На 28 февруари, САД и Израел започнаа напади врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран.
Иран одговори со напади врз израелска територија и американски воени објекти на Блискиот Исток.
Вашингтон и Техеран објавија прекин на огнот на 8 април, но САД потоа започнаа блокада на иранските пристаништа, додека Иран објави дека воведува посебни правила за транзит низ Ормутскиот теснец.
