back to top
20.8 C
Skopje
четврток, 8 октомври , 2026

Ѓорѓиевски: Скопје станува европска престолнина на културата за 2028 година

Други наслови

Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година, објави денес градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по средбите во Брисел.

Како што соопшти Градот Скопјe, Ѓорѓиевски, заедно со министрите Тимчо Муцунски и Зоран Љутков, одржаа важен состанок со европскиот комесар Глен Микалеф, на кој ја презентираше подготвеноста на градот да влезе во нова ера на европски стандарди и трансформација.

Градоначалникот на Градот Скопјe најави историска трансформација на Скопјe со деблокирање на процесот, воведување транспарентно управување и инвестирање на над 55 милиони евра во клучна инфраструктура. Оваа визија, според него, предвидува модерно, отворено и европско Скопјe, кое го вклучува целиот систем од општините до граѓаните.

Како што нагласи, 2028 година е моментот кога Скопје конечно ќе стане јасно присутно на европската и светската културна мапа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести