Родителите на децата кои вршат насилство меѓу врсници ќе плаќаат казни, вели министерката за образование Весна Јаневска.
„Во собраниска процедура се законските измени со кои се предвидуваат казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште“, најави Јаневска.
Таа рече дека на многу семејства им недостасува образовната компонента и додаде дека без поголемо родителско ангажирање, нема да биде можно успешно да се спречи насилството меѓу врсниците.
„На многу семејства им недостасува токму таа образовна компонента, која е основа за здрав раст. Неодамнешниот случај на насилство меѓу врсници покажа деца со недостаток на емпатија и искривени вредности. Некои вршат насилство врз детето, додека други стојат настрана, снимаат и се забавуваат наместо да му помогнат“, рече Јаневска.
Видео од врсничко насилство во Аеродром се појави во јавноста.
