Српската пејачка Јелена Карлеуша гостуваше во подкастот „Естраден лексикон“ на македонскиот водител Марио Арангеловски.
Меѓу другото, таа зборуваше и за абортусот и призна дека денес размислува за тоа поинаку отколку порано.
„Порано имав многу либерален став по ова прашање“, рече Карлеуша, а потоа додаде: „Сега не сум за тоа. Треба да се внимава да се избегне бременост“.
Таа ја објасни својата промена на ставот со нејзиното верување во енергијата која, како што вели, патува „од душа до душа и од тело до тело“.
Карлеуша ќе настапи во арената „Јане Сандански“ во Скопјe оваа сабота, на 17 октомври. Таа го најави концертот на прес-конференција во Северна Македонија, каде што им вети на публиката добра забава, продукција и „костимографија“.
На концертот ќе настапи и Боки 13, со кого има заедничка песна. Пејачката најави и дека до Нова Година ќе бидат објавени три нови песни од нејзиниот албум „Енигма“.
