back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Јелена Розга „не ги соблекува“ своите штикли од 750 евра: Ги има во неколку бои, а редовно ги носи и на настапи

Други наслови

Јелена Розга постојано привлекуваше внимание со впечатливите фустани и комбинации што ги избираше за настапите, а интересно е што е „верна“ на еден пар штикли што ги има во неколку бои.

Станува збор за парче од брендот Џими Чу, моделот Азија, кое го носеше на концертот за Денот на вљубените оваа година во Жмињ, Истра, но и на отворањето на фестивалот „Самертајм Меднес“ минатата година во Сараево.

Сандалите Azia се дефинирани со флуидна силуета со двоен ремен што го врамува стапалото. Изработени се од сјајна лакирана кожа, а потпетицата од 95 мм е избалансирана со елегантен квадратен врв.

Скриншот/jimmychoo.com

Ова парче обувки чини 750 евра, а може да се најде во низа различни бои – почнувајќи од неутрални нијанси како бела, црна, кафеава и беж – преку сјајни метални парчиња до пастелно зелена боја.

Кога е во прашање Розга и нејзините модни избори, таа претходно се прослави во „влажна“ тоалета од брендот Кета Гутмане.

Јелена Розга носеше штикли од Џими Чу во неколку наврати (Фото: Инстаграм)

Ги носеше во неколку наврати и во неколку бои, а во еден момент откри и на која позната личност првпат ја видела оваа креација.

„Морам да ви ја раскажам приказната за овие прекрасни фустани за кои толку многу луѓе ми прашуваат и ми пишуваат… Личноста на која најмногу морам да ѝ се заблагодарам е Кајли Миног. Видов сличен модел на неа, но не пишуваше кој е дизајнерот… Пребарав и успеав да најдам дека станува збор за Кета Гутман. Ти благодарам, Кајли“, рече Розга.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести