back to top
12.8 C
Skopje
петок, 16 октомври , 2026

Њујорк отвора продавници каде што производите ќе бидат со попуст од 30 проценти: Никој не треба да се грижи дали може да го прехрани своето семејство

Други наслови

Администрацијата на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, презентираше план за отворање продавници за храна во градот со цел да им се олесни на работничките семејства да набават основни прехранбени производи.

Според оваа иницијатива, цените на основната кошничка производи ќе бидат намалени за 30 проценти, додека другите артикли ќе се продаваат по стандардни пазарни цени.

Се проценува дека оваа мерка ќе му заштеди на просечното домаќинство околу 90 долари месечно, или приближно 1.000 долари годишно.

Главните цели на оваа иницијатива се: ублажување на растечките трошоци за живот и борба против несигурноста во храната во урбаните населби, производи со попуст (30 проценти попуст), овошје и зеленчук, тестенини, месо и морски плодови, леб, јогурт, ориз, грав и други основни прехранбени производи.

Планирано е отворање на пет градски продавници, а градот инвестираше 70 милиони долари во капиталниот буџет.

Градот го обезбедува просторот и ги сноси трошоците за инфраструктурата, додека секојдневната работа ја управува приватен оператор избран преку јавен повик.

„Ниту еден жител на Њујорк не треба да се грижи дали може да си дозволи да го прехрани своето семејство“, рече Мамдани, нагласувајќи дека овој проект претставува исполнување на неговото предизборно ветување.

Критичарите и здруженијата на мали бизнисмени изразија загриженост дека продавниците под директно управување на градот би можеле да го загрозат опстанокот на малите приватни продавници. Градоначалникот ги отфрли овие стравувања, истакнувајќи дека продавниците во градот нема да се натпреваруваат со малите трговци на мало во сегментите што им носат најголем профит. Градските продавници нема да продаваат цигари, лотарии и готови оброци.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести