Поранешниот шампион на Гренд слем го прекина контактот со својата ќерка откако таа почна да објавува фотографии и содржини за возрасни
Романската тениска легенда и некогаш најдобар играч во светот Илија Настасе (79) се откажа од својата ќерка Шарлот, а таа сега е бездомник.
Познатиот Романец тврди дека не е заинтересиран за нејзините проблеми.
Илија Настасе беше најдобриот тенисер во светот во текот на седумдесеттите години од минатиот век, а ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, додека двапати беше поразен во финалето на Вимблдон.

За време и по неговата играчка кариера, тој станал мултимилионер, а парите ги инвестирал во одгледување на четири деца. Сепак, тој повеќе нема никаков контакт со 35-годишната Шарлот Настасе и таа станала бездомник во Соединетите Американски Држави.
Како што објавува романскиот „Дигиспорт“ , Шарлот живее на улица во САД и ги користи социјалните мрежи за да бара храна и засолниште од пријателите. Поранешниот шампион на Гренд слем го прекина контактот со својата ќерка откако таа почна да објавува фотографии и содржини за возрасни на платформата OnlyFans во 2021 година.
Тој вели дека ѝ посакува добро здравје, но дека повеќе не е заинтересиран за нејзината ќерка. Додаде дека инвестирал сериозни пари во нејзиното воспитување и образование.
„И посакувам добро здравје, но ја молам да престане со овие скандали. Таа си оди по својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ требаше, платив речиси половина милион евра за школарина. Таа сега е во САД, а јас сум во Романија, веќе не ми е гајле. Секој си има свој живот“, рече Настасе за својата ќерка.
Настасе беше лидер на АТП ранг-листата во 1973 и 1974 година. Тој е во Меѓународната тениска сала на славните од 1991 година. Тој ги освои Отвореното првенство на САД во 1972 година и Отвореното првенство на Франција во 1973 година, како и три титули на Гренд слем во двојки и две титули во мешани двојки.
Но, тој беше познат и по бројни скандали, како што се коментарите за бременоста на Серена Вилијамс или несоодветното однесување на Фед Купот во 2017 година, кога беше исклучен од клупата како капитен на романската репрезентација.
