back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Џенифер Лопез ги „запали“ социјалните мрежи со огнено издание: Нозете во преден план (фото)

Други наслови

Американската пејачка Џенифер Лопез ги „запали“ социјалните мрежи откако позираше во предизвикувачко издание во музичкото студио, односно ги покажа нозете во преден план.

Таа направи фотографија во музичкото студио сместено во рамките на луксузниот хотел „Сизарс Палас“ во Лос Анџелес, а во описот напиша: „Кога концертот ќе заврши и музиката ќе продолжи да свири“ со хаштагот на новата песна „Save Me Tonight“ што ја сними со Дејвид Гета.

Таа носеше беж фустан и проѕирни потпетици. Коментарите беа полни со комплименти за нејзиниот изглед.

Фотографија: Инстаграм/jlo

„Кралица“, „Забележи дека конечно си навистина среќна“, „Каква жена“, „Изгледаш неверојатно“, „Најубавите нозе на сцената“, се само некои од нив.

Џенифер Лопез овој месец ќе настапи со серија концерти наречени „Up All Night / The JLo Show“ во Колосеумот во Цезар Палас, а нејзините обожаватели се воодушевени.

Фотографија: Инстаграм/jlo

Пејачката ги изведува своите стари хитови како „Jenny from the Block“, „Love Don’t Cost a Thing“, „Ain’t It Funny“, „Get Right“, како и понови песни. Посебно изненадување беше кога ја изведе песната „Young and Beautiful“ од Лана Дел Реј.

Најевтините билети чинат околу 110 долари, додека ВИП билетите чинат повеќе од 1.000 долари.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести