На Филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, Бред Пит позираше во специјално модно снимање со девојката Инес де Рамон.
Пит и де Рамон присуствуваа на проекција на новиот филм на Пит „Срцето на ѕверот“.
За оваа пригода, Пит избра класично црно одело, кое се состоеше од јакна, елек и панталони, во комбинација со бела кошула и црна вратоврска. Изгледот го надополни со црни кожни чевли и очила со проѕирни леќи.

Неговата партнерка избра долг, елегантен фустан со тенки прерамки изработен од проѕирен материјал во темно зелена боја. Фустанот е украсен со дезен од чипка и цветни детали, а под фустанот има постава во боја на кожа.
Таа ја собра косата во лежерна, празнична пунџа, додека шминката одлучи да ги истакне нејзините црти на лицето.
Иако де Рамон пристигна како поддршка на Пит, актерот не сакаше да позира сам на црвениот тепих и ја покани да му се придружи.
