back to top
9.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Брутален удар од Пекинг: Кина ја исполни својата закана и буквално ги избриша Мбапе и Реал

Други наслови

Кинеската државна телевизија CCTV не ги емитуваше натпреварите од шпанската Ла Лига минатиот викенд, откако ги суспендираше програмите поради коментарите на францускиот фудбалер Килијан Мбапе за мем поврзан со поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг.

Официјалниот распоред на CCTV не вклучува ниту еден натпревар од шпанското првенство, а сите натпревари на Реал Мадрид се отстранети од апликацијата на државната телевизија.

Од друга страна, дигиталната платформа „Мигу“, ексклузивниот дигитален партнер на лигата во Кина, ги задржа повеќето преноси, но го повлече натпреварот од Мадрид од својата понуда и ги избриша претходните снимки од головите и настапите на Мбапе, објави „Марка“ .

За потсетување, бурата започна кога францускиот напаѓач во едно интервју изјави дека едно од неговите омилени интернет мемиња е она во кое неговото лице е монтирано на телото на „кинески диктатор“. Иако Мбапе не го именуваше директно Мао Це Тунг, монтажата јасно го прикажуваше основачот на модерната кинеска држава.

Изјавата предизвика остра реакција во Пекинг. Неколку кинески компании веднаш ги раскинаа договорите за спонзорство, а државната телевизија ја повлече Ла Лига од етер и престана да ги емитува сите реклами со Мбапе.

Во обид да ги смири тензиите, фудбалерот се извини на француски, кинески и англиски јазик. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, испрати официјално писмо до Кинеската медиумска група (CMG), а Реал Мадрид исто така се придружи на извинувањето, изразувајќи го своето целосно почитување кон Кина.

Кинеските власти и државните медиуми потврдија дека го примиле писмото, но сè уште не кажаа дали го сметаат за доволно или кога би можело да се укине суспензијата на преносите.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести