back to top
7.8 C
Skopje
понеделник, 23 ноември , 2026

Јаневска: Платите на наставниците ќе се зголемат за 7,5% во март, нема да има нови вработувања

Други наслови

Наставниците ќе добијат зголемување на платите од најмалку 7,5 проценти во март, а средствата за оваа намена веќе се обезбедени во буџетот, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„Она што го ветивме, го исполнуваме“, рече министерот пред почетокот на конференцијата посветена на образованието на возрасни и доживотното учење во Скопје.

Во врска со намалувањето на блок-дотациите за основните и средните училишта, Јаневска посочи дека се воведува нова формула за пофер распределба на средствата и оптимизација на училишната мрежа.

Таа информираше дека досега се споени 433 паралелки, додека наставниците на кои затоа ќе им остане помал број паралелки ќе бидат ангажирани во градинките и дополнителни училишни активности.

Министерката нагласи дека во овој период не може да има нови вработувања на наставници, бидејќи, како што рече, образовниот систем со години се користи како социјална мерка.

Според неа, реформите треба да бидат завршени во следните четири до пет години, без да се наруши квалитетот на наставата. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести