Пенелопе Круз и Хавиер Бардем пристигнаа во Венеција за да го претстават својот заеднички проект, филмот „Бункер“, кој се натпреварува за главната награда, Златниот лав.
На овогодинешното, 83-то издание на Венецискиот филмски фестивал , пристигна познатата актерска двојка, Пенелопе Круз и
Хавиер Бардем , чие величествено пристигнување привлече големо внимание од јавноста.
Тие пристигнаа на традиционалниот, престижен филмски фестивал за да го претстават својот заеднички проект, филмот „Бункер“ во кој двајцата ги играат главните улоги , а кој се натпреварува за главната награда на Мостра, Златниот лав. Станува збор за психолошки трилер од францускиот режисер Флоријан Селер, во кој ги играат сопружниците Софи и Мигел.

Актерката пристигна во елегантен црн фустан и црни сандали, носејќи црни очила за сонце „Шанел“, додека Хавиер носеше лежерно беж одело во комбинација со лесна кошула.

Пенелопе беше во одлично расположение и ги поздрави собраните фотографи со насмевка, а Хавиер покажа којзнае колку пати дека е вистински господин кој речиси две децении е посветен на една од најубавите жени на светот .
Славниот пар почна да се забавува во 2007 година, а се во брак од 2010 година, кога се венчаа на Бахамите . Тие имаат две деца, синот Леонард и ќерката Луна, а нивниот брак се смета за еден од најхармоничните и најомилените во Холивуд .

