back to top
18.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Ед Ширан изгуби 100.000 следбеници откако Меклмор беше исфрлен од турнејата поради поддршка на Палестина

Други наслови

Ед Ширан изгуби речиси 100.000 следбеници поради тековната контроверзност околу Меклкемор.

Имено, Меклмор сподели дека е отстранет од „Loop Tour“ на Ширан по коментарите во поддршка на Палестина што ги даде на сцената за време на настапот.

Раперот повика на „ослободување на Палестина“ за време на настапот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси на почетокот на септември.

Меклмор беше критикуван по својот говор, а претходно оваа недела потврди дека е отстранет од остатокот од турнејата.

Меклмор рече дека Роберт Крафт, сопственикот на „Њу Ингланд Патриотс“ и тимот на стадионот „Жилет“, му дал на Ширан „ултиматум“ што резултирало со негово исклучување од турнејата. Потоа Ширан сподели своја изјава во која наведува дека одлуката за отстранување на Меклмор не била негова.

„Одлуката дека Меклмор повеќе не учествува на турнејата ја донесе промотерот, а не јас. Договорот на Меклмор за турнејата беше склучен со промотерот, а не со мене. Никогаш не би ги разочарал фановите кои веќе планираа да дојдат, ниту пак би ја напуштил екипата што работи на турнејата и другите изведувачи и музичари кои зависат од мене кога станува збор за работа и заработка за живот“, рече тој.

Сепак, многу обожаватели не се воодушевени од целата ситуација и соодветно на тоа, податоците од HypeAuditor откриваат дека Ширан изгубил речиси 100.000 следбеници на Инстаграм откако започнала целата приказна.

Во меѓувреме, многу од неговите следбеници ги преплавија неговите објави со коментари во кои пишуваше: „Слобода за Палестина“ и го критикуваа што не зазема страна. Исто така, неколку уметници кои требаше да ја поддржат турнејата на Ширан се повлекоа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести