back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Електричните автомобили губат замав: Што го запре најголемиот пазар на електрични возила во светот?

Други наслови

Продажбата на електрични автомобили во Кина се намали за 14 проценти.

Најголемиот светски пазар на електрични автомобили доживува сериозен пад на продажбата за прв пат по многу години.

Според Здружението на производители на патнички автомобили на Кина (CPCA), продажбата на електрични возила во Кина оваа година се намали за 14 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Од почетокот на годината се испорачани околу 4,7 милиони електрични автомобили , но речиси сите водечки производители почувствуваа пад на побарувачката.

Електричните автомобили губат замав: Што го запре најголемиот пазар на електрични возила во светот?

Најголемиот кинески производител BYD продаде 239.370 возила на домашниот пазар во јули, што е за 9 проценти помалку во однос на претходната година, додека Geely забележа пад од дури 29,1 процент.

Од друга страна, обете компании ги ублажуваат последиците благодарение на силниот раст на извозот.

Пад на продажбата забележаа и „Xpeng“, „Nio“ и „Li Auto“, за кои домашниот пазар сè уште носи најголем дел од приходите.

Електричните автомобили губат замав: Што го запре најголемиот пазар на електрични возила во светот?

Аналитичарите проценуваат дека вкупната продажба на нови автомобили во Кина ќе се намали за околу 10 проценти оваа година , на приближно 24,6 милиони возила.

Пазарот е дополнително погоден од забавувањето на кинеската економија.

Една од клучните причини за послабата продажба е одлуката на кинеската влада да ги намали субвенциите за купување нови електрични автомобили .

Претходно, стимулацијата беше 15.000 јуани (околу 1.900 евра), додека сега државата покрива 10 проценти од вредноста на возилото, со максимален износ од 10.000 јуани (околу 1.300 евра).

Како резултат на тоа, најевтините електрични автомобили останаа без дел од државната помош, што дополнително влијаеше на падот на побарувачката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести