back to top
4.8 C
Skopje
вторник, 24 ноември , 2026

Сиљановска – Давкова со претставници на јуниорската и сениорската кикбокс репрезентација: Спортската дипломатија е врвно миротворно оружје на малите држави

Други наслови

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската јуниорска и сениорска кикбокс репрезентација, кои на Светското јуниорско кикбокс првенство во Италија освоија три златни и два бронзени медали, како и еден златен, два сребрени и шест бронзени медали на Европското сениорско кикбокс првенство во Скопје.

Импресионирана од успехот на младите спортисти, претседателката, им честиташе за одличните резултати. За неа, медалите и пехарите се доказ за спортско витештво, посветеност, дисциплина, пожртвуваност и верба дека со решеност може да се постигне дури и неможното.

Таа во врвните кикбоксери препознава личности кои се инспирација за нивните соученици и врсници, но и за идните генерации.

За водството на „Кикбокс Маитаи федерација на Македонија“ постигнатите резултати во сениорската и во јуниорската конкуренција се сметаат за врвен дострел, особено ако се има предвид дека низ финансиска призма тие се нерамноправни со другите натпреварувачи.

Секој од спортистите ја сподели со претседателката личната приказна за патот до врвот.

Претседателот на „Кикбокс Маитаи федерација на Македонија“ и селектор на репрезентацијата, тренерот, како и помошник тренерот на репрезентацијата ја опишаа тешката, но прекрасна работа со младите луѓе, крунисана со врвни успеси.

Елена Неделковска, најдобрата судијка на Европското сениорско кикбокс првенство 2026 во Скопје, ја раскажа својата исклучителна спортско-судиска одисеја.

За Сиљановска-Давкова, фасцинантните успеси на девојките на Светското и на Европското првенство целосно ја демантираат тезата дека кикбоксот не е женски спорт.

Присутните, во спортувањето гледаат најефективен и најевтин лек против насилството и агресијата.

Претседателката нагласи дека спортската дипломатија е врвно миротворно оружје на малите држави заедно со културната и економската и дека вреди да се инвестира во здравото тело и здравиот дух.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести