back to top
20.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

„Електричните тротинети се сериозен проблем“, предупредува Тошковски на строги мерки против неодговорните возачи

Други наслови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето гостување на ТВ Телма, најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажа загрижувачки број жртви на македонските патишта, и нагласи дека полицијата ќе дејствува многу построго против возачите кои ги прекршуваат правилата и ја загрозуваат безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

„Ќе бидеме максимално репресивни кон сите оние кои дивеат по улиците и патеките. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет“, рече Тошковски.

Тошковски, исто така, конкретно се осврна на возачите на електрични тротинети, кои ги оцени како сериозен проблем со безбедноста.

Според него, министерството веќе анализира искуства од неколку европски земји и се подготвуваат законски измени што би можеле да донесат построги правила за нивна употреба.

„Мислам дека треба да се оди со порадикални решенија, особено во делот на забраните, поставување старосна граница и можеби регистрација на електрични тротинети. Тие претставуваат голем предизвик за безбедноста во сообраќајот и очекувам конкретни решенија што е можно поскоро“, рече Тошковски.

Министерот најави дека реформите во сообраќајниот сектор ќе продолжат и во наредниот период, со цел намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви во сообраќајот.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести