back to top
25.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Индустрискиот промет во Македонија бележи годишен раст од 2,7%

Други наслови

Индустријата во Македонија забележа зголемување на прометот од 2,7 проценти во јули, во споредба со јули минатата година, додека во јуни годинава забележавме намалување од 8,5 проценти.

„Во споредба со истиот период од претходната година, според главните индустриски групи, се забележува зголемување кај Интермедијарните производи, освен енергија за 6,2% и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 11,7%, додека намалување се забележува кај Капиталните производи за 6,3% и Трајните производи за широка потрошувачка за 2,9%“, објави Државниот завод за статистика.

Во рок од една година имаме раст од 8,5 проценти на домашниот пазар, додека на странскиот пазар имаме зголемување од 1,9 проценти.

Во одделот за производство на тутун, имаме најголем пораст во рок од една година (186,3%), додека најголемо намалување има во производството на друга транспортна опрема (25,3%).

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести