Почнувајќи од понеделник, 23 ноември, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата за оваа болест кај говедата, активност со која ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
„За реализирање на овие активности, Агенцијата и Факултетот, во интерес на одгледувачите на животни и заштитата на јавното здравје, најдоа решение и склучија договор за донација, со кој се овозможи континуирано вршење на овој тип лабараториски испитувања, кои за сточарскиот сектор, потрошувачите и економијата се од исклучително големо значење. Целта на испитувањата е дијагностицирање, следење контрола и спречување на појава и ширење на болеста бруцелоза кај говедата, ставање во промет на здрави животни и нивни производи и заштита на јавното здравје“, велат од АХВ.
