back to top
10.8 C
Skopje
понеделник, 2 ноември , 2026

Крипто-берзата Бајненс по хакерскиот напад го врати пристапот до средствата на корисниците

Други наслови

Берзата за криптовалути „Бајнeнс“ (Binance) која беше мета на сајбер напад и безбедносен пробив, објави дека корисниците повторно ќе може да располагаат си нивните средства, по што е регистиран нето одлив на средства во вредност од речиси 3.6 милијарди американски долари.

Платформата „Бајнeнс“ овозможи подигнувања во фази, враќајќи ги услугите низ 15 мрежи, а управувањето со средствата во рок од шест и пол часа, соопшти компанијата.

За еден ден берзата обработи подигање средства во вредност од 4,65 милијарди долари, заедно со депозити од 1,01 милијарда долари.

„Бајнeнс“ изјави дека добиениот нето одлив претставува 2,1% од вкупните средства со кои управува од 171 милијарда долари, врз основа на податоците за резервите од 28 октомври.

„По почетниот скок, обемот на повлекување средства се намали и се стабилизира како што се очекуваше, додека обемот на депозити остана значителен“, изјавија од берзата.

Платформата забележа дека пазарните услови остануваат стабилни и дека техничките тимови ги тестираат преостанатите мрежи и средства за да се подготват за следната фаза на реставрации.

„Бајнeнс“ додаде дека ажуриран извештај за доказ за резерви, базиран на запис направен на 31 октомври, ќе биде објавен по завршувањето на криптографските пресметки.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести