back to top
11.8 C
Skopje
среда, 11 ноември , 2026

Лековите што многу луѓе ги користат за слабеење можат да им го оштетат видот?

Други наслови

Американската администрација за храна и лекови (FDA) предупреди за можен зголемен ризик од сериозни заболувања на очите поврзани со употребата на лекови од групата GLP-1, кои се користат за слабеење и лекување на дијабетес.

ФДА побара од производителите на Оземпик, Вегови, Мунџаро и Зепбаунд да додадат предупредување за можноста за неартериска предна исхемична оптичка невропатија (NAION) во нивните упатства.

Оваа болест може да предизвика ненадејно и безболно губење на видот , а во некои случаи и трајно оштетување на видот , објави CNN

Компаниите „Ели Лили“ и „Ново Нордиск“ објавија дека ја преиспитуваат одлуката на ФДА, со оценка дека достапните податоци не потврдуваат причинско-последична врска помеѓу употребата на нивните лекови и оваа болест.

Европската агенција за лекови минатата година предупреди дека NAION може да се појави кај едно од 10.000 лица кои користат семаглутид, активната супстанца на лековите оземпик и веги, најмалку една година.

Студија објавена во 2025 година, во која биле вклучени речиси 350.000 пациенти со дијабетес, покажала дека ризикот од оваа болест е повеќе од двојно зголемен по две години употреба на лекови од групата GLP-1 во споредба со другите терапии за дијабетес.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести