back to top
7.8 C
Skopje
четврток, 26 ноември , 2026

Макрон се откажува: Ништо од преговорите?

Други наслови

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ги напушти преговорите за повеќегодишниот буџет на Европската Унија, доколку земјите-членки не постигнат договор до крајот на оваа година, изјави денес за новинарите неименуван функционер од неговиот кабинет.

„За претседателот е јасно дека не е можно да се продолжат овие преговори по декември ако лидерите не најдат решение на состанокот на Европскиот совет на 17 и 18 декември“, рече овој функционер, објави порталот Политико.

Ова предупредување го зголемува притисокот врз претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој претседава со преговорите, како и врз другите земји од ЕУ, пред вонредниот самит во Брисел, кој се одржува во четврток и петок, според порталот.

Мандатот на Макрон истекува следната пролет, бидејќи уставот не му дозволува да се кандидира за трет последователен мандат. Тој веќе ги информираше другите лидери на ЕУ дека нема да може да ги продолжи преговорите за буџетот на Унијата за периодот од 2028 до 2034 година во наредната година.

Претседателската кандидатка на крајната десница Марин Ле Пен, која води во анкетите за изборите во 2027 година, постојано ги обвинува институциите на ЕУ и францускиот претседател за намерно забрзување на преговорите за буџетот за да ја исклучат од процесот.

Таа вети дека, доколку биде избрана, драстично ќе го намали придонесот на Франција во буџетот на ЕУ и ќе ја претвори Европската комисија во „секретаријат“ на земјите-членки.

Кабинетот на Макрон отворено го критикуваше предлогот на Антонио Коста за дополнително намалување на планираниот седумгодишен буџет на ЕУ за 44 милијарди евра, дури и ако тоа би заштитило одредени ставки што се важни за Франција, како што се субвенциите за земјоделците, од кратења. 

Неименуван функционер од Елисејската палата процени дека состанокот на Европскиот совет нема да донесе конечно решение и нагласи дека предлогот на Коста не одговара на барањата на Франција, вклучително и оние во врска со зголемувањето на приходите што ЕУ ги собира директно за финансирање на својот буџет.

Покрај планираните намалувања, кабинетот на Макрон предупреди дека предлогот на Кошта дава мала сигурност дека наскоро ќе бидат воведени нови даноци на ниво на ЕУ, бидејќи тие ќе треба да бидат усвоени со посебно гласање по завршувањето на преговорите за буџетот.

Иако Франција го поддржува новиот данок на дигитални услуги предложен од Коста и Европската комисија, Париз забележа дека ќе биде тешко да се убедат сите земји-членки на ЕУ да го прифатат решението, објави Политико.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести